Дома Останати Кошарка НБА Србинот Марјановиќ и следната сезона ќе игра во НБА

Србинот Марјановиќ и следната сезона ќе игра во НБА

Србинот, Бобан Марјановиќ потпиша едногодишен договор со Хјустон и ќе продолжи да настапува за оваа франшиза.

Минатата година, Бобан беше дел од овој тим, а сега може да заработи скоро три милиони долари, а при потписот на договорот му се загарантирани 1.3 милиони долари.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Договорот на Марјановиќ со Хјустон истече на крајот од минатата сезона, меѓутоа сега се договори за нова едногодишна соработка.

Во текот на летото се шпекулираше дека Марјановиќ може да се врати во Европа, но тој одлучи да продолжи во НБА. На „Стариот континент“, Марјановиќ играше за Хемофарм, ЦСКА, Мега и Црвена Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Катастрофа за шампионот: Денвер изгуби со 45 поени разлика!

Минесота успеа да израмни на 3:3 во полуфиналната серија откако изминатата вечер го деклас…