Дома Трансфер зона Споредба која покажува каде оди фудбалот: Денес Ричарлисон, а пред 20 години Ривалдо, Роналдо, Зидан, Сидорф, Турам…

Споредба која покажува каде оди фудбалот: Денес Ричарлисон, а пред 20 години Ривалдо, Роналдо, Зидан, Сидорф, Турам…

Бразилскиот крилен фудбалер Ричарлисон вчера го засили Евертон за 45 милиони евра, со дополнителните бонуси неговиот трансфер би можел да достигне и вредност од 56 милиони евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој сега е и официјално најскап фудбалер во историјата на Евертон, но многумина сметаат дека „карамелите“ платиле премногу.

Само споредба колку далеку отидоа сумите кои се нудат за фудбалерите ќе земеме примери од пред 22 години, односно 1996 година.

Тоа лето неколку големи имиња ги променија клубовите, севкупно тие трансфери не ја достигнуваа сумата за која беше продаден еден Ричарлисон (со сета почит кон неговите квалитети).

Ривалдо премина од Палмеирас во Депортиво Ла Коруња за 10.8 милиони евра, Роналдо од ПСВ во Барселона за 13.5 милиони евра, Зинедин Зидан од Бордо во Јувентус за 3.15 милиони евра, Сидорф од Сампродија во Реал Мадрид за 7.7 милиони евра, Турам од Монако во Парма бесплатно…Значи сите овие трансфери вкупно имаат вредност околу 35 милиони евра, односно пет помалку отколку што Евертон плати за Ричарлисон.

Како ли ќе биде во иднина…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…