Јужнокорејската власт донесе одлука според која сите нејзини граѓани се помлади една или две години. Станува збор за тоа што оваа азиска држава го укинува традиционалниот начин и непопуларен за пресметување на староста.
Според досегашниот систем на секое бебе при раѓањето веќе му се запишуваше една година бидејќи се сметаше и времето поминато во мајчината утроба.
Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓
Покрај тоа веднаш му се додаваше уште една година на следниот 1-ви јануари. Најголемата „неправда“ се случуваше кај децата родени на 31-декември кои веќе наредниот ден според законите имаа две години.
Најдобриот корејски фудбалер сега место 32 години по новиот закон ќе има 31. Медиумите пишуваат дека ова е важно поради регистрацијата, но и одредувањето на служењето на воен рок.