Дома Фудбал Англија Солскјер сигурно ќе го води Јунајтед против Ватфорд

Солскјер сигурно ќе го води Јунајтед против Ватфорд

Манчестер Јунајтед нема да му врачи отказ на тренерот Оле Гунер Солскјер после поразот од Манчестер Сити на „Олд Трафорд“, пренесува „Гардијан“.

Солскјер продолжува да ја има поддршката од клубот и покрај незадоволителните игри на тимот во последните шест кола, во кои освои само 4 бода и имаше тешки порази од Ливерпул и Манчестер Сити.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според „Гардијан“ Солскјер сигурно ќе биде на клупата на Манчестер Јунајтед и на следниот меч против Ватфорд, кој на програмата е на 20-ти ноември, веднаш после репрезентативната пауза.

После 11 кола во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед е на 6-то место на табелата и заостанува 9 бода од лидерот Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…