Дома Фудбал Англија Солскјер: Роналдо ужива во приказните дека е стар и ќе ви покаже што може

Солскјер: Роналдо ужива во приказните дека е стар и ќе ви покаже што може

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер кажа дека Кристијано Роналдо не доаѓа за да седи на клупата, туку за да биде на теренот.

Во петокот беше потврдено дека Роналдо е нов фудбалер на „црвените ѓаволи“.

„Секако дека сме возбудени поради доаѓањето на Роналдо. се надеваме дека документите наскоро ќе бидат комплетирани и ќе ни се приклучи. Тој е победник и добро момче. Сите се возбудени што доаѓа во екипата“, вели Солскјер.

Роналдо претходно го носеше дресот на „ѓаволите“ од 2003 до 2009 година.

„Тој напредуваше многу од тогаш. Сигурен сум дека му се допаѓаат приказните дека е стар, ама ќе ви покаже што може. Не доаѓа за да седи на клупата“, вели Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ворен Бондо се враќа на тренинг со Милан по одбивање на раскинување на договорот

Ворен Бондо одбива да го раскине договорот со Милан и се враќа на тренинг со првиот тим. …