Дома Фудбал Англија Солскјер: Нас нема да ни бидат потребни 30 години да се вратиме

Солскјер: Нас нема да ни бидат потребни 30 години да се вратиме

Maнчестер Јунајтед и Ливерпул денес од 17:30 го играат дербито на колото во Премиер лигата.

Иако станува збор за најголемиот натпревар на англискиот фудбал, се освен победа на Ливерпул би било прилично изненадување со оглед на огромната разлика во квалитетот во овој момент. Освен тоа Солскјер се соочува со голем број повреди, додека во Ливерпул се очекува да се врати Алисон Бекер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите не паметат кога последен пат Ливерпул ваков фаворит кога гостувал на „Олд Трафорд“.

Солскјер пред натпреварот порача дека Јунајтед нема да му бидат потребни 30 години да се врати, алудирајќи на времето на кое Ливерпул е без титула.

„Ние ќе одиме на победа, нема да се задоволиме со реми. Сигурен сум дека Манчестер Јунајтед наскоро ќе се врати и ќе се бори за титулата. Нас сигурно нема да ни требаат 30 години. Еден добар резултат, една голема победа може многу да промени. Ние сме Манчестер Јунајтед и играме на сите три бода без разлика кој е противникот“, изјави тренерот на Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…