Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер ќе продолжи со својот план да носи британски играчи на „Олд Трафорд“.
Солскјер ова лето ги донесе Мегваер, Џејмс и Ван Бисака, а сега состави список од уште петмина домашни фудбалери.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Прва мета е Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, ова лето „милионерите“ не сакаа да го продадат англискиот репрезентативец. Покрај него на списокот се наоѓаат и Џејмс Медисон, кој би можел да биде замена за Немања Матиќ.
Познат е интересот од поодамна на „црвените ѓаволи“ за играчот на Њукасл, Шон Лонгстаф, а на листата е уште и напаѓачот на Борнмут, Калум Вилсон.
На крајот дефанзивецот на Стоук, Нејтан Колинс би можел да биде замена за Маркос Рохо кој е на излезна врата од „Олд Трафорд“.