Оле Гунер Солскјер се соочува со големи проблеми пред мечот со Кристал Палас бидејќи не може да смета на дури десет повредени фудбалери.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Натпреварот на „Селхрст Парк“ се игра утре во 21 часот, а Солскјер нема да може да смета на Андер Ерера, Хуан Мата, Џеси Лингард и Маркус Рашфорд кои се повредија на мечот со Ливерпул.
Од поодамна повредени се уште Фил Џонс, Антонио Валенсија, Матео Дармијан, Немања Матиќ и Антони Марсијал, како и младиот Мејсон Гринвуд.
Солскјер призна дека направил грешка што го ставил во игра Лингард на мечот против Ливерпул. Англискиот репрезентативец влезе од клупата за резерви на мечот и ја обнови поведата.
„Пред мечот Џеси имаше голема желба да игра и ги исполни сите чекори од планот за рехабилитација. Знам дека беше многу рано да се врати на терените и можеби направив грешка. Но противникот беше Ливерпул и тој многу сакаше да игра“, открива Солскјер.
„Матео тренираше претходниот ден но мислам дека нема да биде подготвен. Фил е болен, па и тој е надвор од конкуренција. Валенсија ќе паузира уште некоја недела откако ја обнови повредата на листот на ногата. Марсијал не е подготвен за утре, не сакаме да ризикуваме ништо со него. Рашфорд е под знак прашалник, ќе треба да видиме како неговиот зглоб ќе реагира на третманот. Ова е голема шанса за Лукаку и Санчез да го покажат својот потенцијал“, додаде Солскјер.
Happy 46th birthday, Ole. We hope you have a brilliant day! ♥️ pic.twitter.com/jssl9WHhf6
— Manchester United (@ManUtd) February 26, 2019