Тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер му ја честиташе шампионската титула во Премиер лигата на градскиот ривал Манчестер Сити.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јунајтед синоќа загуби на домашен терен од Лестер и со тоа остана и без теоретски шанси да ги стигне „Граѓаните“.
„Го бркавме Манчестер Сити до крајот на сезоната. Ова е многу добро достигнување затоа што Сити е многу добар тим. Тие се достојни шампиони.
Морам да им честитам, бидејќи одиграа фантастични натпревари оваа сезона и заслужено се прваци“, рече Солскјер по поразот од Лестер.
Манчестер сити стана шампион на Англија во сезоната 2020/21 три кола пред предвидениот рок. За граѓаните ова е петта титула во Премиер лигата и трета во последните четири години.