Дома Фудбал Англија Солскјер за Санчез: Тој е како ќесичка кечап

Солскјер за Санчез: Тој е како ќесичка кечап

Aлексис Санчез на почетокот на 2018 година пристигна како огромно засилување во Манчестер Јунајтед од редовите на Арсенал, а таа улога не успеа да ја оправда во целост.

„Црвените ѓаволи“ минатата зима вложија многу труд да го доведат Чилеанецот и на крајот успеаа во намерата со понудата од 34 милиони евра плус Хенрик Микхтаријан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа измината година беше вистински кошмар за Алексис кој се уште не завршил.

Алексис во дресот на Јунајтед одигра 37 натпревари од доаѓањето во Арсенал и постигна само пет голови и запиша девет асистенции. Чилеанецот во првиот дел беше во немилост на Жозе Мурињо кој често пати го оставаше и на трибините. После седнувањето на Солскјер на клупата работите се променија.

Санчез имаше солидна минутажа на неколку натпревари претходно, но играта му е под секое ниво. Мурињо многу го критикуваше своевремно во Јунајтед за што Алексис зборуваше дека му недостасува вистинска поддршка поради неговата самодоверба.

Но, Солскјер очигледно тргна по вистинскиот пат. Му пружи солидна минутажа, а после големите критики кои Санчез ги добиваше застана во негова одбрана.

„Сите знаеме дека Алексис е фантастичен играч. Во неговото тело се наоѓа неверојатен фудбалер, но сега е како кесичка кечап и не може тоа да излезе на површина. Но, неговиот квалитет ќе излезе на површина – сигурен сум во тоа“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поради политички скандал откажано полуфинале: На Мароканците им се одземаа дресовите, немаа со што да играат

Со дипломатски скандал беше откажан првиот полуфинален натпревар од Купот на африканските …