Дома Фудбал Англија Солскјер ги обвини ѕвездите дека го минираат, раководството веќе му бара замена

Солскјер ги обвини ѕвездите дека го минираат, раководството веќе му бара замена

Репрезентативната пауза не можеше да дојде во подобар момент за Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед можеби го бележи најлошиот старт во новата клупска историја. Поради се што се случува во Јунајтед, на удар се најде Солскјер, најмногу поради тоа што Јунајтед е премногу слаб во нападот. По заминувањето на Лукаку, Јунајтед остана само на Рашфорд, односно и на недоволно искусниот Гринвуд кои се единствените напаѓачи опции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Додека јавноста се прашува каква судбина го чека Солскјер, британскито таблоид „Сан“ открива дека ситауцијата во соблекувалната на Јунајтед по поразот од Њукасл била жешка, а Норвежанецот бил најмногу лут на неговите ѕвезди.

Јунајтед во овој момент се наоѓа на 12. позиција, дури 15 бода зад лидерот Ливерпул. Токму против актуелниот шампион на Европа, Јунајтед ќе го одигра првиот натпревар по интернационалната пауза, а островските медиуми веруваат дека негативен резултат во овој натпревар би можел да значи и дефинитивен крај на ерата на Солскјер во Манчестер.

Весниците во Британија тврдат дека негов наследник би можел да биде тренерот на Лајпциг, Жулијан Нагелсман. Претходните денови се шпекулираше и за поранешниот тренер на Јувентус, Макс Алегри.

Солскјер доби само пет од последните 23 натпревари како тренер на Јунајтед, а срамниот пад започна откако доби повеќегодишен договор и доверба од управата на клубот…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…