Дома Трансфер зона Сократис повеќе не е играч на Арсенал

Сократис повеќе не е играч на Арсенал

Арсенал и Сократис не пронајдоа заеднички јазик во преговорите, па грчкиот дефанзивец и официјално е слободен фудбалер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа вест ја објави реномираниот „Скај Спорт“, а потоа беше потврдена и од Арсенал.

Сократис претходно се доведуваше во врска со Севиља и Бетис, одби и понуда од Џенова, а од денес се појавија информации дека е во преговори со Шалке.

Во дресот на Арсенал Сократис одиграл 44 натпревари и постигна три гола. Во Арсенал пристигна во 2018 година од Борусија Дортмунд. Покрај Арсенал и Борусија играше уште за Вердер, Милан, Џенова, Волос, кариерата ја започна во АЕК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…