Дома Фудбал Случајно или намерно? Алармот пет пати ги будеше фудбалерите на Аталанта

Случајно или намерно? Алармот пет пати ги будеше фудбалерите на Аталанта

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед добија неочекувана предност во вечерашниот меч, откако фудбалерите на Аталанта цела ноќ останаа без сон.

Како што пренесува „Скај Италија“, алармот за пожар во хотелот се вклучил дури пет пати и фудбалерите на Аталанта не можеле да спијат.

Од клубот од Бергамо нема реакција и жалба, но сопругата на Руслан Малиновски, Оксана, објави за „инцидентот“ на социјалните мрежи.

„Пеколна ноќ во Манчестер, алармот за пожар се вклучи пет пати по пристигнувањето на тимот. Дали мислите дека ова е случајно? Јас мислам дека е намерно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три клуба, без главен и спореден: Естрела гради поинаква фудбалска мрежа

Про Патрија е првата италијанска инвестиција на Естрела, која сака да поврзе клубови преку…