Дома Фудбал Италија Случај „Икарди“: Во целата сапуница сега во игра влезе Макси Лопез! (ФОТО)

Случај „Икарди“: Во целата сапуница сега во игра влезе Макси Лопез! (ФОТО)

Случајот „Икарди“ продолжува, а во игра сега влегува и Макси Лопез!

На Мауро Икарди поради одолговлекувањето на потпишувањето нов договор со Интер му беше одземена капитенската лента, а од тој момент Икарди го нема во тимот на Интер. Наводно станува збор за повреда, но од Интер неодамна имаа сопштение во кое тврдеа дека се е во ред со Аргентинецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голем дел од фудбалскиот свет за ова што му се случува на Икарди ја обвинуваат неговата сопруга и агент Ванда Нара која е на големо вмешана во неговата кариера.

„Ла Република“ повикувајќи се на извор од внатрешноста на клубот, поточно неименуван играч пишуваше дека Икарди е добар со сите освен со Балканците.

„Нашата соблекувална е поделена на три фракции: Италијанци, Јужноамериканци и Балканци. Мауро е добар со сите освен со Иван Перишиќ, Марсело Брозовиќ и новиот капитен Самир Хандановиќ“, стоеше во дел од објавата на „Ла Република“.

Сега „сапуницата“ добива нов актер и тоа поранешниот партнер на Ванда, Макси Лопез. Поранешниот сопруг на Ванда и најдобар пријател на Мауро Икарди сега не се да го погледне напаѓачот.

Што направил?

Макси Лопез токму во овој период кога се појавија вестите за несогласувањето помеѓу Икарди и Перишиќ го заследи Хрватот на Инстаграм, а потоа му „лајкна“ неколку фотографи, а „следењето“ веднаш беше возвратено од страна на хрватскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…