Дома Фудбал Репрезентации Словенците се обидуваат да – не продаваат карти на Македонци?! (ФОТО)

Словенците се обидуваат да – не продаваат карти на Македонци?! (ФОТО)

Вечерва се игра натпреварот помеѓу Словенија и Македонија во рамките од второто коло во квалификациите за Европското првенство.

Македонија е во добра форма, од друга страна пак Словенците веќе не знаат седум натпревари за победа и исклучително им е важно вечерва да извлечат поволен резултат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред овој натпревар до нас пристигна една информација од македонски фан во Словенија која доколку е вистината може да биде навистина голем срам за организаторот на натпреварот.

Имено, според некои информации во медиумите распродадени се 6.000 билети за оваа средба, а дури 2.000 од нив биле купени од Македонци што значи дека ќе имаме голема поддршка.

Поради ваквата ситуација наводно Словенците се обиделе да не продаваат повеќе карти на Македонци. Во прилог на ова ви ја поставуваме пораката кој ни ја пиша фанот кој се обидел, но не стигнал до билет.

Ќе повториме уште еднаш, засега не можеме да ја потврдиме информацијата и ако некој има слично искуство би било убаво и тој да не информира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…