Дома Фудбал Останато Славен Билиќ добива нова шанса во Англија?

Славен Билиќ добива нова шанса во Англија?

Според последните информации, Славен Билиќ би можел да се врати во Англија и да стане тренер на Кардиф, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Екс-селекторот на Хрватска како што се наведува е главен фаворит да го преземе клубот по заминувањето на Ерол Булут.

За медиумите се огласи и самиот Билиќ.

„Во моментов сум дома, но подготвен сум ако сум потрбен. Иако сум постар, чекам добра прилика, а додека сум слбоден уживам во времето. Со мене се уште се Данило Бутровиќ и Дин Рачуница, па така имам добри луѓе се уште“, изјави Билиќ.

Без ангажман Билиќ е од средината на август кога замина од клупата на Ал-Фатег. Во Англија последен пат работеше во сезоната 2022/2023 кога го водеше Вотфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вака изгледа обраќањето на селекторот на Јужна Кореја откако беше прогласен за „државен непријател“ број еден

Тренерот на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја, Хонг Мјунг-бо, се соочува со жесто…