Дома Видео Скромниот Канте повторно го воодушеви светот: Првата средба со трофејот беше нешто посебно (Видео)

Скромниот Канте повторно го воодушеви светот: Првата средба со трофејот беше нешто посебно (Видео)

Нголо Канте повторно успеа да ја воодушеви спортската јавност. Човекот со неверојатна скромност беше најдобар поединец во финалето на ЛШ.

Челси одигра фантастичен натпревар, целосно го неутрализираше Манчестер Сити и на крајот заслужено победи со 1:0. Канте го “преора“ теренот на стадионот Драгао и практично го имаше насекаде.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така овој 30-годишен играч стигна до ново достигнување во кариерата. Во период од пет години стана првак на Англија два пати, го освои СП, Лига Европа и Лига на шампиони.

Сцената после натпреварот кога Зума го носеше во раце малиот Канте го обиколи светот, меѓутоа неговата прва средба со трофејот беше нешто посебно.

Додека сите играчи на Челси од среќа и задоволство го бакнаа пехарот, скромниот Канте одлучи само претпазливо да го допре со блескава насмевка на лицето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Ова е причината зошто Алегри не добива отказ во Јувентус

Поранешниот спортски директор на Рома, Џанлука Петраки, објасни зошто Јувентус нема да го …