Дома Фудбал Англија Сколс: Со Погба нешто не е во ред

Сколс: Со Погба нешто не е во ред

Манчестер Јунајтед вчера го совлада Барнли, а во тимот повторно го немаше Пол Погба.

Навивачите се прашуваа зошто е тоа така, а тренерот Солскјер даде кратко објаснување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Погба ги одигра претходните два натпревари, а пред тоа долго беше надвор од терените и решивме дека е најдобро да не игра вечерва“, рече Солскјер.

Легендата на Јунајтед, Пол Сколс исто така се прашува зошто го немаше Французи во тимот.

“Со Погба нешто не е во ред. Ова е единственото објаснување. Ако тој е подготвен, тогаш треба да игра”, рече Сколс.

Погба оваа сезона има одиграно само осум натпревари во две натпреварувања и запиша две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рајо и следната сезона ќе игра во Ла Лига, нашиот Столе Димитриевски испиша клубска историја

Синоќа во рамките на 36 коло од најсилното шпанско првенство фудбалерите на Рајо Ваљекано …