Дома Трансфер зона Скаутите на Реал со полни раце работа: На натпреварот Шпанија – Босна ќе внимаваат на две имиња!

Скаутите на Реал со полни раце работа: На натпреварот Шпанија – Босна ќе внимаваат на две имиња!

Скаути на Реал Мадрид ќе присуствуваат на натпреварот помеѓу Шпанија и БиХ утре во Лас Палмас, барем така тврди шпански „АС“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реномираниот шпански медиум пишува дека скаутите на шпанскиот гигант ќе посветат посебно внимание на босанскиот голгетер и член на Рома, Един Џеко.

Реал Мадрид веќе некое време е во потрага по нов напаѓач, се очекува да пристигне Паласиос од Ривер, но прашање е колку Јужноамериканецот веднаш би можел да помогне, поради тоа Перез сака да се обезбеди.

Џеко со Реал Мадрид се поврзуваше и претходно, но тогаш „кралевите“ бараа решние кое ќе биде „џокер“ од клупата и резерва на Бензема. Сега ситуацијата е поинаква, на Реал му е потребен прв напаѓач.

Освен Џеко, се наведува дека луѓето од таборот на Реал ќе го следат и дефанзивецот на Еспањол, Марио Хермосо. Овој играч доаѓа од школата на „Бернабеу“, но никогаш не доби шанса во првиот тим.

Ќе потсетиме „Марка“ со Реал Мадрид го поврзуваше и Радамел Фалкао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…