Голманот на Евертон и англиската репрезнетација, Џордан Пикфорд учествувал во масовна тепачка во Ливерпул во неделата, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пикфорд пристигнал со пријателите во локалниот паб кога дошло до масовна тепачка во која едно лице било повредено.
Имено, група луѓе кои биле во пабот почнале да се потсмеваат на голманот на Евертон, што ги налутило неговите пријатели.
Не е познато дали самиот Пикфорд бил актер во тепачката, но јасно е дека се нашол во ситуација која може да му наштети, а Евертон нема уште официјална реакција.
Од полицијата најавуваат и дека го истражуваат случајот со оваа пресметка.