Преговорите за продолжување на договорот на Давид Алаба со Баерн Минхен се времено прекинати, открива „Билд“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Двете страни не успеаа да ги приближат позициите, напротив, на последната средба имало тензија меѓу агентот Пини Захави и спортскиот директор Салихамиџиќ, па за малку не дошло до физичка пресметка.
Австриецот има уште една година од договорот и настојува да добие 20 милиони евра по сезона, што ќе биде највисока плата во Баерн. Меѓутоа Салихамиџиќ категорично го отфрлил тој предлог и вербално го нападнал агентот.
Договорот на Алаба завршува следното лето, а Захави се заканил дека ако не се постигне договор фудбалерот ќе замине како слободен агент следното лето.