Дома Трансфер зона Сити се вклучи во трката за Нејмар: Гвардиола спреми „луда“ понуда

Сити се вклучи во трката за Нејмар: Гвардиола спреми „луда“ понуда

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити сериозно се вклучил во трката за најскапиот фудбалер на светот Нејмар.

Според шпански „Дон Балон“, менаџерот на „граѓаните“, Гвардиола е спремен да му понуди на ПСЖ 120 милиони евра плус бразилскиот напаѓач Габриел Жезус, за во своите редови да го донесе Нејмар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, Сити е спремен да го направи Бразилецот најскапо платен фудбалер на денешницата. Сепак, работата нема да биде лесна, бидејќи ПСЖ нема намера да се откаже од услугите на Нејмар.

Да потсетиме, Нејмар во летото 2017 година стана најскапиот фудбалер на светот. Парижаните на Барселона платија неверојатни 222 милиони евра, но од самото доаѓање во ПСЖ тој се поврзува со заминување.

Покрај Сити, за Нејмар сериозен интерес има и Реал Мадрид и Барселона, која има најголеми шанси во оваа борба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …