Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти, на крајот од сезоната се прости од екипата на Рома.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тоти ја заврши долгогодишната авантура во Рим, но сеуште не објави дали ќе продолжи да игра фудбал.
Со оглед на неговите години, не му преостанува ништо друго освен да избере некоја егзотична дестинација каде би можел да игра без преголем притисок. Едно е сигурно каде и да премине би бил голема ѕвезда.
Според пишувањето на „Газета Дело Спорт“ поранешниот италијански репрезентативец добил интересна понуда од САД. Наводно Њу Јорк Космос испратил понуда на адреса на Тоти и му нуди договор на шест месеци.
Сепак, Тоти не е премногу задоволен од повикот од Њу Јорк, веројатно ќе почека некои други понуди.