Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос откри што направил со првата плата како професионален фудбалер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Рамос одговараше на прашања на фанови на социјалните мрежи, па беше запрашан како ја потрошил првата плата како професионалец во Севиља.
Рамос откри дека првиот личен доход го потрошил за да ја израдува својата баба, така што и купил нова кујна и купатило со када.
Рамос е дел од Реал Мадрид од 2005 година, кога беше купен за 27 милиони евра од Севиља. Има договор со „кралевите“ до 2021 година, кога ќе има полни 35 години.