Дома Останати Тенис Сензација: Медведев поразен од 205. тенисер во светот!

Сензација: Медведев поразен од 205. тенисер во светот!

Во финалето на турнирот во Холандија, рускиот тенисер Данил Медведев загуби во финалето од 205. тенисер на АТП-листата, Тим Ван Ријтховен.

Во финалето за еден час Ријтховен го декласираше Данил Медведев со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-1.

Ван Ријтховен цел турнир играше одлично, а до финалето ги елиминираше Ебден, Фриц, Гастон и Оже-Алиасим, па ова му е најдобар резултат во кариерата и ќе направи голем скок од 100 позиции.

На следната листа на АТП во понеделник тој ќе биде на 106. позиција и доаѓа на чекор до пласман во топ-100 тенисери во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер го одложи враќањето на терените!

Јаник Синер повторно ќе мора да го одложи своето враќање на тениските терени. Светскиот бр…