Роберто Мартинез ја објасни својата одлука.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез денес објасни зошто на Светското првенство немаше место за Раџа Наинголан кој важи за еден од најдобрите фудбалери на Белгија.
„Постојат тешки одлуки, но тоа е причина поради која што сум тука и тоа е она што се бара од мене. Наинголан? Причината беше тактиката. Не можев да му ја дадам улогата која ја имаше во клубот. Доколку можев да играм со 12 играчи, тој ќе беше со нас“, изјави Мартинез за белгиските медиуми.
Поради таа одлука Наинголан се повелече од репрезентацијата на Белгија.
„Ќе ми беше полесно ако ги изберев најпопуларните играчи. Дојдов во Белгија да успеам, а не да го гледам името на играчот и неговото минато“, заврши Мартинез.