Дома Трансфер зона Се спрема неочекуван и изненадувачки трансфер на Артуро Видал

Се спрема неочекуван и изненадувачки трансфер на Артуро Видал

Артуро Видал би можел многу брзо да ја промени средината. Чилеанецот во текот на летото пристигна во Барселона, но на Камп Ноу би можел да се задржи само една сезона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


За Видал во наредниот период се очекува да стигне интересна понуда. Во своите редови го посакува аргентинскиот великан Бока Јуниорс и ќе се обиде да го донесе по крајот на сезоната во Ла Лига.

Економската моќ на тимот од Буенос Аирес е се поголема. Тие тоа сакаат максимално да го искористат и да донесат играчи со кои ќе тргнат во освојување на Копа Либертадорес, а Видал го гледаат како идеален играч за својот тим.

Фокс Спорт Аргентина тврди дека во наредните денови раководството на Бока ќе ги започне преговорите со играчот на Барселона за можен трансфер и после тоа ќе биде многу повеќе јасно во овој случај.

Видал оваа сезона во дресот на Барса одигра вкупно 40 натпревари во сите натпреварувања, а има учинок од два гола и четири асистенции.

Во богатата кариера која ја започна во Коло Коло овој 31-годишен фудбалер уште играше за Баер Леверкузен, Јувентус и Баерн Минхен. Останува да видиме дали враќање во јужноамериканскиот фудбал ќе биде прималива опција за чилеанскиот фудбал кој е познат по својот жесток темперамент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го провоцира Реал Мадрид пред Ел Класико: Кај вас драма, а кај нас…

Додека во Реал Мадрид последниве денови се зборува за конфликти, напнатости и проблеми во …