На интернет се појави снимка од тепачката помеѓу српските и бразилските навивачи во текот на натпреварот помеѓу овие две селекции.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Од почетокот на натпреварот бевме цел на провокации од Бразилците. Прво ни покажуваа среден прст, а потоа се фаќаа и за половите органи и ни дофрлаа со пцовки. Бев на натпреварот со мајка ми и татко ми. Мојот татко некое време седеше мирно и трпеше, но во еден момент им рече да престанат. Тогаш еден од Бразилците стана и тргна кон него. Почна да го удира татко ми, а веднаш се приклучија и уште седум од нив. Јас се обидував да го одбранам. Тука беше и мојата мајка, која исто така се бореше со нив“, објасни српскиот навивач по натпреварот.
Во продолжение во видеото погледнете како сето тоа изгледаше…