Дома Фудбал Се одлага продолжувањето на Премиер лигата, се разгледува нов датум!

Се одлага продолжувањето на Премиер лигата, се разгледува нов датум!

Рестартот на сезоната во Премиер лигата најверојатно ќе се одложи за околу две недели.

Според медиумите на Островот новиот датум, кој ќе се разгледува на средбата на клубовите во четврток, ќе биде 26-ти јуни. До моментов оптимистички се споменуваа датумите 12. и 19. јуни.

Меѓутоа, менаџерите настојуваат сезоната да продолжи покасно бидејќи фудбалерите имаат потреба од еден месец групни тренинзи, пред да се вратат на официјални натпревари.

Денес Владата на Британија даде дозвола да се премине во Фаза 2 од подготовката со која се дозволуваат групните тренизи Фаза 2 треба да влезе во сила од четврток, а истиот ден ќе се разгледуваи конечниот датум за продолжување на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…