Шпекулациите за иднината на Нејмар не се смируваат и цела Европа зборува за неговиот наводен трансфер во Реал Мадрид следното лето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нејмар синоќа постигна два гола во победата на ПСЖ над Монпеле и доби овации од публиката, само една недела откако беше исвиркан од истата таа публика.
После натпреварот конечно се огласи и претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи кој категорично потврди дека Нејмар останува во Париз и истакна дека „ова е само игра на Реал Мадрид“.
„Тоа се само шпекулации и нормално дека не се точни. Нејмар е среќен во Париз и сака да остане. Дојде само пред неколку месеци и има уште четири и пол години договор со нас“, истакна Ал Келаифи.
„Шпанците сакаат да не навлечат на нивната „игра“, но ние нема да ја играме таа игра. Нејмар ќе игра кај нас и следната сезона, бидете сигурни во тоа. Не 100%, туку 2000%“, јасен беше претседателот на ПСЖ.