Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Се зависи од нивните раце: Овие фудбалски легенди ќе го одлучат жребот за СП

Се зависи од нивните раце: Овие фудбалски легенди ќе го одлучат жребот за СП

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) откри кој на ждрепката во Москва ќе им ја крои судбината на учесниците на Мундијалот.

Групите за Светското првенство, кое од 14 јуни до 15 јули 2018 година ќе се одржи во Русија, ќе бидат извлечени на 1 декември во Кремљ.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Денес, Светската фудбалска федерација на својот налог на „Твитер“ ги објави и имињата на фудбалските великани што ќе помагаат на ждрепката, односно имињата на учесниците кои ќе им ја кројат судбината.

Топчињата ќе ги влечат фудбалските легенди Лоран Блан (Франција), Гордон Бенкс (Англија), Кафу (Бразил), Фабио Канаваро (Италија), Диего Форлан (Уругвај), Карлес Пујол (Шпанија), Диего Армандо Марадона (Аргентина) и Никита Симонјан (Русија).

На мундијалот во Русија ќе учествуваат 32 селекции, кои ќе бидат распределени во осум групи со по четири репрезентации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Стивна бурата: Србија го решила проблемот со Пикси!

Фудбалскиот сојуз на Србија претходно соопшти дека постигнал договор со тренерот на „орлит…