Дома Трансфер зона Светот целосно „полуде“: Хрватски анонимец направил трансфер од 30 милиони евра?!

Светот целосно „полуде“: Хрватски анонимец направил трансфер од 30 милиони евра?!

Во времето на т.н модерен фудбал навикнавме да гледаме фудбалерите да прават скапоцени трансфери, но ова е веројатно премногу и за денешната ситуација.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поранешениот млад напаѓач на Осијек, Јосип Сусиќ неодамна направи трансфер во Катар, а денес хрватаските медиуми објавија дека овој трансфер изнесувал неверојатни 30 милиони евра!

За работата да биде уште почудна Сусиќ нема ниту еден натпревар во првата или втората хрватска лига, а не бил член на ниту една младинска селекција на репрезентацијата на Хрватска!

„Тој своите квалитети настојуваше да ги докаже играјќи во Задар, Хајдук, Локомотива, па на крајот пристигна кај нас. Не е ништо посебно во играчка смисла, но нема повеќе да изговорам ниту еден лош збор за неговата вредност“, внимателно изјави главниот скаут на Осијек Марин Скендер.

Официјални информации се уште нема и истите би требало да се појават наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…