Дома Фудбал Италија Сари: Во Лигата на шампиони Јувентус е помотивиран!

Сари: Во Лигата на шампиони Јувентус е помотивиран!

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари ја коментираше победата над Атлетико во натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Игравме добро. На крајот, малку ни недостигаше сила, но тоа е затоа што се изморивме на последниот натпревар од Серија А. Веројатно, натпреварите во Лигата на шампионите не мотивираат повеќе кога ќе ги споредиме со натпреварите од домашниот шампионат. На европско ниво играме повеќе напаѓачки фудбал. Сепак, во второто полувреме премногу често ја губевме топката“, изјави Сари.

„Старата дама“ победи со прекрасниот гол на Пауло Дибала, кого Сари посебно го пофали после мечот.

„Дибала е играч од светска класа. Во моментов се наоѓа во многу добра форма. Дибала е играч кој прави разлика на теренот“, заклучи Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Артета сака засилување од Манчестер Сити!

Арсенал сериозно го разгледува ангажманот на Џон Стоунс, доколку се потврди дека повредата…