Дома Трансфер зона Санчез за раскинувањето на договорот со Јунајтед ќе добие богатство

Санчез за раскинувањето на договорот со Јунајтед ќе добие богатство

Манчестер Јунајтед со доведувањето на Алексис Санчез го направи еден од најлошите потези во клупската историја кога во прашање се трансферот, а сега конечно успеаа да се ослободат од него.

Потврди вчера пристигнаа и од двете страни, Марота најави дека денес се ќе заврши, а слична изјава имаше и Солскјер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Можам да потврдам дека се е договорено. Алексис ужива во Интер. Многу го сакаат и тоа е добро за него. Му посакуваме среќа. Станува збор за одличен играч и сакам да го гледам како игра на највиоско ниво како и претходно. Што и да беше причина за неговата лоша форма тука морам да кажам дека е голем професионалец“, изјави Солскјер.

Алексис во Интер пристигна како позајмен играч во август 2019 година, а Јунајтед го плаќаше огромни 560.000 фунти неделно. Поради предвремениот раскин на договорот тој сега ќе добие 55 милиони евра и како слободен играч ќе потпише за Интер каде што ќе заработува 6.3 милиони фунти по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…