Садио Мане доби суспензија од Баерн и тимот нема да смета на него за натпреварот за викендот во Бундеслигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Суспензијата за Мане дојде поради инцидент кој се случил по поразот од Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Сега се појавуваат и детали за тоа што се случувало во соблекуваланта на гигантот од Минхен.
Имено, според последните информации Сане го нарекол Мане „црно гомно“ и така го испровоцирал.
Покрај суспензијата за натпреварот со Хофехајм, Мане ќе мора да плати и околу 500.000 евра.
Како и да е, двајцата фудбалери на тренинзите по тој инцидент го поправиле односот и во иднина не би требало да има проблеми.