Дома Фудбал Сампаоли откри кој најмногу пати во репрезентацијата – Меси!

Сампаоли откри кој најмногу пати во репрезентацијата – Меси!

Репрезентацијата на Аргентина зад себе има лошо Светското првенство, а навивачите во оваа земја како најголем винвоник за неуспехот го означија поранешниот селектор Хорхе Сампаоли.

Сампаоли во текот на Мундијалот многу експериментираше со составот на „Гаучосите“ и на крајот Аргентина беше елиминирана во осминафиналето, но групната фаза ја помина низ крајно тежок пат. Аргентинците најмногу го критикуваа Сампаоли кој на крајот беше приморан да си замине.

Критики имаше и за Меси, но поголемиот дел од јавноста сфати дека Меси не може сам да игра. Неколку месеци подоцна Сампаоли се огласи во јавноста и го коментираше токму Меси.

„За мене беше неверојатно искуство да го тренирам Лионел Меси. Кога видов колку тој се дава на тренинзите и е мотивиран бев пријатно изненаден. Меси многу пати кога губи и неверојатно е верен на својата репрезентација. Никој не пати за репрезентацијата и лошите случувања како Лео“, порача Сампаоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Српскиот фудбал во управувачки ќор-сокак: УЕФА може да го преземе ФСС

Нема кандидат за наследник на Драган Џајиќ, а истекува и мандатот на Собранието. Меѓу можн…