Дома Фудбал Само на Балканот: Имаат најмногу бодови, а не се први на табелата

Само на Балканот: Имаат најмногу бодови, а не се први на табелата

На Балканот сме виделе разни необични ситуации, а сега една таква ни доаѓа од БиХ.

Имено, во третата лига во оваа земја екипата на Љубушки има најмногу освоено бодови, после 20 кола тие собраа 46. Нормално е кога екипата има најмногу и да е лидер на табелата, но тука не е така.

Љубошки и покрај најголемиот број освоени бодови се наоѓа на четвртата позиција. Тоа е така затоа што оваа екипа нема право да игра во втората лига поради немањето соодветна инфраструктура, па за нив во овој момент максимална позиција е четвртата која не води во ранг погоре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две асистенции и исклучување: Несторовски во центарот на пресвртот во Вараждин

Славен Белупо победи со 2:1 на гостувањето кај Вараждин, а Илија Несторовски ги подготви д…