Дома Фудбал Репрезентации Само еден град не успеал да даде гаранции за публика на ЕП

Само еден град не успеал да даде гаранции за публика на ЕП

Од 12 града организатори на Европското првенство во овој момент само Даблин не дал гаранции за играње на натпреварите со публика на „Авива стадионот“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите сите останати 11 европски градови и гарантирале на УЕФА дека ќе примаат одреден број навивачи на стадионите и тоа најмалку четвртина од капацитетот. Засега од Ирска не можат да обезбедат такви гаранции.

„Фудбалската асоцијација на Ирска на препорака на Владата ја информира УЕФА дека поради актуелната ситуацијата со ковид-19 не е во можност да даде гаранции за присуство на одреден број навивачи на ЕП кое летово треба да се игра и во Даблин“, стои во соопштението од ирската федерација.

УЕФА на ова одговорила со рок до 28. април, а ако и тогаш Ирците останат на истиот став тогаш извесно е дека друг град ќе го превземе домаќинството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Судење за смртта на Марадона: Откриени нови детали

Повеќе од шест години по смртта на Диего Марадона, во судскиот процес што се води во Сан И…