Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Салах го пропушта натпреварот против Уругвај

Салах го пропушта натпреварот против Уругвај

Фудбалскиот сојуз на Египет објави дека Мохамед Салах за три недели ќе се врати на терените и ќе биде во можност да и помогне на оваа селекција на Мундијалот во Русија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Салах се повреди во саботното финале во Киев против Реал Мадрид кое Ливерпул го загуби со 3:1.

Египќанецот мораше да го напушти теренот во 30 минута после еден дуел со Серхио Рамос.

Како што пренесува „Скај“, Салај во вторникот допатувал во Валенсија на посебни третмани.

Египатеснкиот сојуз наведе дека е прерано да се очекува Салах да настапи на првиот натпревар против Ургувај на 15 јуни, но дека би можел да биде спремен за второто коло против Русија, четири дена подоцна.

Во последното коло од групната фаза Египет на 25 јуни ќе игра против Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

ФИФА конечно го поменува правилото кое ги нервираше навивачите и фудбалерите!

ФИФА соопшти дека на Светското првенство 2026 ќе воведе подобрена полуавтоматска технологи…