Голманот на Реал Мадрид, Андреј Лунин се уште не брани редовно во Реал Мадрид, а така ќе биде и сезонава во која предност добива Кепа кој пристигна по повредатан а Куртоа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во моментот кога беше доведен Кепа, Лунин размислувал да го напушти клубот.
„Размислував да си заминам на крајот од сезоната. Нормално е да размислуваш во таа насока кога не играш, но Реал е мојот сон уште од детството, па и во таква ситуација донесов одлука да останам. Имам понуди од други клубови, но не сум разговарал со никого сериозно“.
Неговиот договор со Реал Мадрид истекува на крајот од оваа сезона.
Изгледа ќе биде изненадување ако остане, веќе има 24 години и му требаат игри…