Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Руни пред ЕП: Не гледам кој може да ја победи Франција

Руни пред ЕП: Не гледам кој може да ја победи Франција

Легендата на англискиот и европскиот фудбал, Вејн Руни даде своја прогноза пред почетокот на Европското првенство.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Руни го избра својот фаворит и тоа не е репрезентацијата на Англија. Тој верува дека Франција ќе биде нов шампион на Европа.

„Франција е без конкуренција. И индивидуално и како тим. Mбапе, Канте, Бензема, Гризман, Погба, Варан, Лорис. Да замрзнете кога ќе ги прочитате тие имиња. На тоа додадете го фактот дека тие се актуелни светски шампиони и јасно ви е дека тешко дека можете да ги загрозите. Од оваа перспектива, не гледам кој тим би можел да ги победи“, изјави Руни.

„Англија е секако е една од четирите репрезентации кои се во кругот да го освојат Европското првенство. Тука се уште Португалија и Белгија, но мој апсолутен фаворит е Франција“, додаде Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Меси ги посочи главните конкуренти за Аргентина на Светското првенство

Лионел Меси ги брои деновите до почетокот на новото Светско првенство, каде што со репрезе…