Дома Фудбал Останато Руни нема дилеми кој е најдобриот на сите времиња

Руни нема дилеми кој е најдобриот на сите времиња

Вејн Руни долги години играше со Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, но за него најдобар фудбалер на сите времиња е Лионел Меси.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меси кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата каде што го чека дебито во дресот на Интер Мајами, по негов овој клуб пристигна и Серхио Бускетс. Тренер ќе биде сонародникот на Меси, Херардо Тата Мартино.

„Доведувањето на Меси е одличен потег за МЛС лигата. Комерцијално тоа ќе биде голема работа за привлечноста и интересот од целиот свет бидејќи го доведоа најдобриот фудбалер кој некогаш ја играл оваа игра“.

„Сигурен сум дека Интер Мајами ќе скокне на табелата со Меси, Лео е секогаш натпреварувачки расположен. Тренерите, играчите, навивачите…Сите се возбудени што ќе го гледаат“, изјави Руни кој дел од кариерата помина во МЛС во дресот на Ди-Си Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонецот Илоски му даде три гола на Интер Мајами на Меси (Видео)

Милан Илоски, кој има македонско потекло, блесна на натпреварот меѓу Интер Мајами и Филаде…