Директорот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге зборуваше за иднината на тренерот Ханзи Флик.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во последно време се појавија шпекулации дека Флик може да го преземе националниот тим, но Румениге е категоричен дека тој останува во Баерн.
„Ханзи останува 100%. Секогаш сум велел дека изборот на тренер е најважен и ние имаме договор со него. Оваа тема воопшто не постои. Ако треба да бидам искрен, Бироф претендира да биде модернизатор на Сојузот, но се што се критикува е поврзано со неговото име“.
„Притоа, сметам дека не е фер кон актуелниот селектор Јоаким Лев да се зборува за нов селектор. Немаме намера ние да ги решаваме проблемите во Германскиот фудбалски сојуз. Флик сигурно останува“, јасен беше Румениге.