Милан изминатото лето доста вложи во реконструкција на тимот, но резултатите изостанаа. Едно од најголемите засилувања беше Никола Калиниќ, но Хрватот не се снајде најдобро во црвено-црниот дрес и се чини дека „Росонерите“ се подготвени да го продадат по само една година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во замена за него, Милан сака да го донесе хрватскиот репрезентативец и тоа Марио Манџукиќ од Јувентус. Јавна тајна е дека популарниот Манџукиќ не е задоволен што кај Алегри игра на неприродна позиција односно лево крило, бијдеќи напаѓачката позиција е резервирана за Игуаин.
Не е познато дали Манџукиќ е заинтересиран за преминување во Милан, но дефинитивно се наоѓа на врвот на листата кај Џенаро Гатузо кој баш ги почитува борците како него.
Она што ги зголемува шансите за овој трансфер е добрата соработка на Милан и Јувентус во блиското минато.