Дома Фудбал Италија Роналдо ќе ги чести соиграчите вечера, за да се извини за скандалот

Роналдо ќе ги чести соиграчите вечера, за да се извини за скандалот

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо ги покани своите соиграчи на вечера за да се извини за неговото однесување за време на дербито со Милан, пренесоа некои италијански медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Фудбалерите на Јувентус не беа задоволни од неговото однесување на натпреварот против Милан. После замената во 55-та минута, Португалецот влезе во соблекувалната без да се ракува со тренерот. Подоцна се дозна дека тој го напуштил стадионот пред крајот на мечот.

Италијанските меидуми пренесуваат дека Роналдо има намера да го собере целиот тим пред натпреварот од Серија А со Аталанта, што ќе се одржи на 23 ноември во Бергамо, и да се извини за неговото однесување.

Тоа што го направи Роналдо е против правилата на клубот, но Јувентус сепак се реши да не го казнува Португалецот, што исто така крена голема полемика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …