Дома Фудбал Роналдо: Сонувам за светска титула со Португалија

Роналдо: Сонувам за светска титула со Португалија

Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо се надева дека ќе игра уште многу години, а открива дека сонува светска титула со Португалија.

Португалецот на почетокот на февруари ќе наполни 36 години, но и понатаму не размислува за крај на кариерата.

„Годините не се важни, важна е состојбатан а умот. Живеам во сегашноста и во овој момент. Среќен сум и во форма. Се надевам дека ќе играм уште многу години, но никогаш не се знае. Ова е фудбал и не можеме да знаеме што ќе се случи утре“.

Роналдо има и голем сон – светска титула со Португалија.

„Сонувам да го освојам Светското првенство во Катар со Португалија. Тоа е можно, се е можно и верувам во тоа“, изјави Роналдо.

Португалија во групата во квалификациите за СП ќе игра против Србија, Ирска, Луксмебург и Азербејџан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

По историскиот пробив, Брера го носи Хофенхајм на тест во Струмица

Младинците на Брера денеска од 14 часот го пречекуваат Хофенхајм во второто квалификациско…