Дома Фудбал Останато Роналдо одбива да дојде на доделувањето на „Златната топка“?

Роналдо одбива да дојде на доделувањето на „Златната топка“?

Во понеделник ќе дознаеме кој ќе го наследи Лука Модриќ и ќе ја освои Златната топка за 2019 година.

Каталонскиот „Мундо Депортиво“ ја „расипа“ церемонијата на „Франс Фудбал“ и денес го објави името на добитникот на „Златната топка“. Тие тврдат дека францускиот весник веќе го информирал добитникот, а тоа е Лионел Меси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новинарот на „Мундо Депортиво“, Франческ Агилар исто така објави дека „потврдено“ е дека Меси ќе биде добитник на „Златната Топка“ и дека организаторот е во проблем бидејќи Кристиано Роналдо одбива да присутствува на церемонијата.

Португалецот веќе знае дека нема да биде добитник на наградата, но уште повеќе е разочаран бидејќи тој дозна дека ќе биде на третата позиција бидејќи второто место ќе му припадне на Ван Дајк кој имаше одлична сезона во дресот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…