Дома Фудбал Роналдо: Ова нема да не сруши, Португалија ќе оди во Катар!

Роналдо: Ова нема да не сруши, Португалија ќе оди во Катар!

Репрезентацијата на Португалија преку бараж ќе го бара својот пласман на Светското првенство.

Португалците вчера во Лисабон беа поразени од Србија која славеше со 2:1 и директно се пласираше во Катар на СП. На Португалците им беше доволен и бод, но доживеаа шокантен пораз пред домашните навивачи.

Поразот од Србија сигурно тешко му падна на Кристиано Роналдо кој не можеше да ги сокрие своите фрустрации после мечот.

„Фудбалот уште еднаш ни покажа дека тешкиот пат најчесто не води до оние најпожелни исходи. Вчерашниот резултат беше тежок за нас, но не е доволен да не сруши. Целата е пласман на Светското првенство и се уште можеме и знаеме што треба да направиме да јао ствариме таа цел. Нема изговори. Португалија ќе оди во Катар“, порача Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…