Дома Фудбал Роналдо исфрлен од WhatsApp групата на Манчестер Јунајтед

Роналдо исфрлен од WhatsApp групата на Манчестер Јунајтед

Кристиано Роналдо е исфрлен од „WhatsApp“ групата на Манчестер Јунајтед. Ова е уште една непријатност која ја доживеа Португалецот после контроверзното интервју.

Во неговото скандалозно интервју со Пирс Морган, Роналдо отворено го критикуваше раководството, менаџерот Тен Хаг, па дури и сопствениците на Манчестер Јунајтед.

Очигледно дека тоа во клубот нема да му го простат, а најновата вест е дека Португалецот е исфрлен од WhatsApp групата, каде администратори се Хари Мегваер и Скот Мектоминај.

Ова е уште една потврда дека деновите на Кристиано Роналдо на „Олд Трафорд“ се избројани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Црвен или само жолт? Стартот на Диоп ги подели мислењата по ремито во Ипсвич

Иса Диоп остана на теренот по стартот врз Џејмс Мекати во ремито 1:1 меѓу Ипсвич и Нотинге…