Дома Фудбал Роналдо испрати џентлменска порака до ѕвездата на Барса📷

Роналдо испрати џентлменска порака до ѕвездата на Барса📷

Младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати веќе пет месеци се рехабилитира од повреда на коленото.

Фати беше опериран, но во последно време се појавија информации дека опоравувањето не оди по планот, па може повторно да биде опериран.

Во овој тежок момент тој доби неочекувана поддршка и тоа од Кристиано Роналдо.

Португалецот иако е голем ривал на Барселона, сепак покажа големина и испрати порака до младиот Фати.

Тој на Инстаграм го охрабри Фати во процесот на рехабилитација со пораката: „ Напред Ансу Фати, ќе се вратиш наскоро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал не сака да чека: Подготвува нов договор за Раја

Давид Раја има договор до 2028 година, но Арсенал наводно планира разговори за подолга сор…